Европскиот Институт за Менаџмент, Право и Дипломатија е основан во 2014 година, во Скопје, Република Македонија, од страна на проф.Д-р Зендел Абедин Шехи. Човекот со огромно искуство во менаџмент, меѓународно право и дипломатија, но и експерт за говор на тело и комуникација. Човекот со визија и сон:
“Имам еден сон кога еден ден сите граѓани ќе сфатат дека унитарноста и респектот на заедничките вредности ќе ги инвестираат во доверба и љубов каде што луѓето без предрасуди и омраза, без причина ќе научат со заеднички сили да ги победат сите препреки што ги ограничуваат да бидат дел од светот што припаѓаат.”

Основни цели на Европскиот Институт:

  • Истражувачки проекти за меѓународно право, политика, односи и дипломатија.
  • Едукативни активности од различни области во контекст на европските вредности
  • Развој и унапредување на меѓународното студирање и дипломатија
  • Унапредување на менаџментот во микро и макро економските односи
  • Подигнување на свеста при остварување на економските права на граѓаните
  • Презентирање и користење на јавното мислење во унапредување на европските вредности
  • Проекти од област на локалната самоуправа
  • Развој и промовирање на проекти од областа на меѓуетнички односи
  • Развој и промовирање на проекти за реконструкција на објекти за различна дејност
  • Организирање на спортски активности
  • Испитување на пазарот на труд и капитал и останати активности
  • Развивање и подобрување на индустриските односи
  • Помагање и промовирање на европските вредности преку разни печатени и електронски медиуми
  • Развој и промовирање на проекти од сферата на медиумите и комуникациите
  • Промовирање за употреба на дипломатијата во решавање на актуелните проблеми
  • Правна анализа на правните прописи во позитивното и споредбеното право со европското право
  • Истражувања на правно-економските односи и фактори кои влијаат на поширокиот општествен развој во сооднос со европските вредности
  • Предлагање на конкретни правни и економски решенија за приближување кон ЕУ
  • Развивање и унапредување на дипломатската наука и мисла
    Други цели

Целите ги остваруваме преку:

  • Учество во проекти за припремање на елаборати и стручни експертизи
  • Организирање на семинари, конгреси, трибини
  • Организирање на образовно-едикативни настани
  • Работа со граѓани на непосреден начин
  • Испитување на јавното мислење
  • Организирање на културно-уметнички манифестации
  • Издавање на книги, брошури и други печатени и електронски медиуми
  • Соработка со дипломатски претставништва
  • Соработка со домашни и меѓународни институции од областа на менаџментот, право, дипломатија и европски вредности
  • Организирање и остварување соработка со министерства и општини
  • Делење на пропагандно-рекламен-промотивен материјал
    друго
Сподели